• сре. Мар 22nd, 2023

БИТКАТА МОРА ДА ПРОДОЛЖИ!!!

Окт 19, 2021

Сигурно многумина се разочарани од резултатот на независните кандидати, како за советници, така и за градоначалници. Сигурно многумина биле оптимисти и очекувале многу повеќе советници од независните здруженија. Два или три советника не се ништо! Ништо не направија! Џабе гласавме за нив!

Реалноста е сосема различна. Факт е дека работите полека почнуваат да мрднуваат од место. Секако дека нема преку ноќ да се постигнат посакуваните резултати. Мора од некаде да се почне. Никогаш досега немало толку многу независни кандидати за советници.

Совет на Град Скопје

Два советника на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД од вкупно 45 можеби нема да направат големи и значајни промени сега. Но, дали знаете дека ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД како заедничка граѓанска иницијатива, не постојат ни повеќе од една година. Дали знаете колкав е буџетот за избори за независни кандидати во споредба со буџетите на поголемите политички партии? Минимален, скоро и да го нема, а можеби и целосно го нема. Постоењето на големите партии на политичката сцена во Македонија споредете со постоењето на независните иницијативи.

Ќе видите дека 2 советника во советот во Град Скопје и тоа како се многу, но и исклучително важни. Од двајцата советника од Зелен Хуман Град очекуваме да бидат побучни и поборбени од сите останати советници заедно. Петре Шилегов или Данела Арсовска нема да имаат лесна задача. Некои одлуки нема да поминуваат толку лесно и ќе мора прво да се мисли за доброто на граѓаните пред да се изгласаат одредени одлуки.

Состав на советот на Град Скопје, 2021-2025 извор (Wikipedia)

Останати освоени советнички места од независните листи

Граѓанската иницијатива „Независни за Карпош-За заштита на Карпош“ освои 2 советника коишто исто така се од клучно значење. Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ освои 3 советника. За прв пат ниту една од големите партии нема мнозинство во советите на Карпош и Центар. “Поинаку” во Битола освои еден советник плус од минатите избори и сега има 3 свои претставници во советот. Работите се менуваат, и тоа на подобро. А Кумановчани ни покажаа дека на локални избори треба да се гласа за човек, а не за партија.

Тоа што треба да се направи е да се продолжи со активностите, да се прават притисоци и да се продолжи битката. Народот мора да победи! Овие избори се два или три советника, наредните можат да бидат 5 или 10, понатаму можат да бидат и мнозинство. Советот на град Скопје, а и советите на општина Центар и Карпош, никогаш не биле толку шаренолики. Тоа мора да биде за доброто на граѓаните. И НЕ, СКОПЈЕ НЕ Е ВМРО-ВСКИ ГРАД! СКОПЈЕ НЕ Е СДСМ-ОВСКИ ГРАД! Скопје не е на Петре Шилегов! Скопје не е на Данела Арсовска! СКОПЈЕ Е ГРАД НА ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ!

СКОПЈЕ МОРА ДА БИДЕ ЗЕЛЕН И ХУМАН ГРАД!

БИТКАТА МОРА ДА ПРОДОЛЖИ!