Дали сте слушнале за тактички урбанизам? Тоа претставува пристап со кој се прават мали работи коишто го подобруваат градот забележително. Таков пример ни доаѓа од од шпанскиот град, Валенсија, каде моментално во тек е проект наречен “Безбедна животна средина во училиштата.”
Клучен дел од тој проект е изработката на клупи за седење од рециклирани пластични капачиња. Со ова е постигната целта да се направи поиздржлив мебел за надворешни услови. Притоа, е интегриран и реален пример од животот за рециклирање. На овој начин, растејќи, децата ја прифаќаат реупотребата на материјали како нормална и како нешто што треба да се очекува.

Рециклирачки полиетилен
Што се однесува до структурата на клупите, страничните делови се направени од галванизиран челик, а седиштето и делот за потпирање е направен од 100 % рециклиран полиетилен. Тој материјал не прави расцепи и дупки, отпорен е на инсекти, како црви или термити и има издржливост 5 пати повеќе од дрвото. Исто така е отпорен и на графити.
Како дополнување, тежината на секоја клупа е 35 kg што е еквивалентно на 4,300 пластични капачиња. Со тоа се спречува палењето на пластиката и согорувањето на дополнителен јаглерод диоксид во атмосферата.