Универзитетот за применети науки Одизее во Белгија, започна кампања за време на Неделата на шумата, од 10-17 октомври. Капмањата имала многу едноставна цел – да се засади нова шума во Фландрија во наредните 5 години.
Со кампањата се повикувале вработените во универзитетот, но и студентите да донираат стара електронска опрема којашто универзитетот потоа ќе ја искористи за купување на земја за шума. Фландрија е еден од најоголените региони во цела Европа, со само 11 % покриеност со дрвја.

Светото тројство на идната шума
Универзитетот ќе го финансира проектот преку таргетирана кампања, повикувајќи луѓе да ја донираат старата електроника. Вработените и студентите од Универзитетот, како и граѓаните, се охрабрени да ги донесат своите стари телефони и лап-топи на одредени места на кампусите во повеќе градови во Белгија. Градовите се Алст, Брисел, Дилбек, Гент и Сент-Никлас.
За рационализација на проектот, универзитетот се здружил со Natuurpunt, волонтерско здружение посветено на Фландерс и со Out of Use – компанија за рециклирање на електроника. Natuurpunt ќе ја обезбеди потребната експертиза за тоа каде да се купи земјата и за тоа кои видови на дрвја се најпогодни за таа клима. Од друга страна, Out of Use ќе ја олесни конверзијата на стара електроника во квадрати земја за шума.
Лап-топи за дрвја
Цела електронска опрема што ќе се собере за време на кампањата ќе биде сортирана во реупотребливи и рециклирачки категории. Потоа, ќе бидат продадени и средствата ќе одат за купување на 1 хектар земја. Според претставничка од универзитетот, треба да се соберат околу 5000 лап-топи за да може да се финансира шумата.
Според Универзитетот, еден лап-топ е доволен за 2 метри квадратни земја. Четири мобилни телефони или таблети се доволни за купување на 1 квадрат земја.
Претставник од компанијата Out of Use, вели дека само 1 % или 2 % од старите мобилни телефони и пола од старата ИТ опрема е рециклирана. Тоа е изгубена можност, бидејќи тие материјали се сеуште употребливи.
Претставник од Natuurpunt ги објаснил застрашувачките ефекти на оголеноста во Фландрија и се фокусирал на немањето на дрвја во урбаните делови. Продолжил дека шумите играат важна улога во борбата со климатските промени и затоа вакви иницијативи се секогаш од голема важност.
