Хаг имаше највисок скор на Националното првенство во отстранување на плочки. Првенството траело од 30 март до 30 септември, со главна цел да се заменат плочки со зеленило. За време на кампањата, Хаг успеале да отстранат над 200,000 плочки и со тоа да направат место за цвеќиња и други растенија.

Зазеленувањето на градовите е тимска работа
Ова првенство се одржува веќе втора година, помеѓу различни градови во Холандија. Оваа година учество земале дури 40 општини, вклучувајќи ги и Амстердам и Ротердам. Граѓаните чии општини не учествувале сепак можат да допринесат во натпреварот. Освен зголемувањето на зелени површини, на победничкиот тим му се доделува и награда Златна Лопата. Организаторите пријавија дека преку 1,5 милиони плочки биле извадени со што биле создадени околу 140,000 метри квадратни зелен простор.
Оваа година, Хаг извадиле вкупно 201,334 плочки, што бил и највисок скор. На второ место биле Амстердам со 170,245 плочки, додека општината и градот Енсхеде извадиле 134,379 плочки, со што дошле на третото место.
Овој подвиг е резултат на здружени напори на повеќе локални играчи – градски власти, бизниси, граѓани. Сепак, како лидери на локално ниво, и главни луѓе кои стојат позади оваа кампања се Лизбет фан Тонгерен и Хилберт Бредемајер.
Лизбет фан Тонгерен, на веб-страницата на градот, ја нагласила важноста од оваа иницијатива: “Изгледа како мал гест да се извадат неколку плочки и да се заменат со зеленило. Но, ова навистина помага да се направи градот позелен, поотпорен на климатските промени и поубав.” Хилберт Бредемајер додал дека ќе продолжат да го прават градот позелен и најави засадување на нови 1,400 дрвја.
Истовремено, овој натпревар дава значење и на бројот на извадени плочки на 1000 жители. Во оваа категорија, Рукфен, Енсхеде и Остерхут ги добиле првите три места. Тие извадиле 990, 841 и 700 плочки на 1000 жители, соодветно.
Замената на плочки со зеленило помага во намалувањето на задржувањето на водата и овозможува свежина кога е топло. Во исто време и помага на земјата да ја задржи водата додека е суша. Ги зголемува живелиштата на растенијата и животните, а со тоа допринесува за биодиверзитетот. И секако за на крај, зголемена зелена површина, секогаш влијае позитивно на менталното здравје.