• пет. Мар 31st, 2023

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КРАК ОД УЛ. „ДРАГИША МИШОВИЌ“ ВО КАРПОШ 3

Општина Карпош заврши со реконструкција на кракот на улицата „Драгиша Мишовиќ“, во населбата Карпош 3 (пред градинката „Орце Николов“).

Станува збор за обнова на коловоз од 80 метри и широчина од 7 метри, а реконструирани се и пешачките делови. Вкупната асфалтирана површина изнесува 1.600 м2.

Оваа сообраќајница ги поврзува улиците „Карпошово востание“ и „Никола Русински“ во Карпош 3, а по сугестии на граѓаните, поставени се и слеани рабници со цел да се подобри пристапноста за велосипедистите, родителите/старателите кои ги носат децата во градинка, како и да се олесни движењето на граѓаните со попреченост.

Општина Карпош продолжува со тековното одржување на инфраструктурата.

Извор