Со постепеното намалување на мерките против Ковид-19, многу возачи се враќаат позади воланите, со што го влошуваат квалитетот на воздухот. Покрај тоа, многу држави се зависни од цврсто гориво за греење, па намалувањето на температурите е поврзано со зголемено загадување на воздухот.
Минатите неколку недели не потсетија за тоа колку е важно да се зачува квалитетот на воздухот, а со тоа и да бидеме свесни колку е чист воздухот што го дишеме. За сите љубопитни граѓани коишто сакаат да го дознаат тоа сами, француски сервис нуди практично, атрактивно и бесплатно решение наречено – Captothèque.
Никогаш не било полесно да се мери квалитетот на воздухот
Captothèque е граѓански сервис за мерење на квалитетот на воздухот, понуден од Опсерваторијата за квалитет на воздухот на регионот Оверњ-Рона-Алпи. Тоа е вториот најнаселен регион во Франција и 10ти во Европа, со над 8 милиони жители. Сервисот му овозможува на секој да го провери квалитетот на воздухот со обична џебна направа.
Направата е обложена со микро-сензор, којшто ја мери концентрацијата на фини честички во моментот. ПМ1, ПМ 2,5 или ПМ10 честичките, можат да навлезат во телото и да влијаат на здравјето. Истите може да се предизвикаат иритација или оштетување на респираторниот тракт.
Системот функционира со Blootooth и ги пренесува податоците во мобилниот телефон на специфична апликација. Апликацијата потоа ни овозможува собирање, визуелизирање и споделување на податоците на социјалните мрежи.
Сензорот тежи 140 g и е со големина колку еден мобилен телефон. Со тоа направата е лесна за користење дома, на улица или блиску до индустриски зони.
Микросензорот може да се позајми бесплатно во неколку територии кои се партнери на иницијативата. Во моментот, тоа може да се направи во Гренобл, Лион и Клермон Оверња. Веб-страницата на сервисот информира дека повеќе од 2900 корисници досега го позајмиле паметниот сензор.