• пет. Мар 31st, 2023

Мадрид ќе биде целосно обвиткан со шума

Најпрво беа обиколниците околу Мадрид кои служат како врзувачки артерии за моторизирани возила. Потоа, во 2007, беше комплетиран велосипедскиот пат Анило Верде. Тој претставува целосен круг околу Mадрид. Како оди трендот, природата се враќа во главниот град на Шпанија, благодарејќи на проектот – Метрополска шума.

Km. de bicicleta "Camino a Santiago": Un escalón más: Anillo verde de Madrid
Велосипедската патека, Анило Верде извор

75-километарска круна од дрвја

Минатото лето, локалната власт во Мадрид издаде тендер за изработка на периферниот урбан коридор. Со истиот се бара да се унифицираат веќе постоечките зелени површини и паркови во една, непрекината периферна круна од дрвја. Должината, кога ќе биде комплетирана, ќе биде 75 километри. Површината ќе биде 35.000 хектари и ќе има 450.000 дрвја.

Иако ваква иницијатива нема голема потреба за да се продаде на јавноста, но сепак властите јасно ги запознале сите засегнати со сите потенцијални добивки што ќе ги донесе оваа шума. Ќе служи за ребаланс на градот, ќе ги редуцира несаканите CO2 емисии, ќе се бори против климатските промени. Во исто време ќе се зголеми понудата за пешачки и велосипедски рути, коишто ќе влијаат позитивно на здравјето на граѓаните.

Зелениот појас ќе биде составен од локални видови, специфични за локалната природа и отпорни на предвидените сценарија за климатски промени. Ќе има и патеки за пешачење и за спортување, места за живеење и други објекти кои би ги охрабрувале граѓаните да се рекреираат и да уживаат.

За да се гарантира и континуитет, ќе бидат изградени и така-наречени “екодукти” (зелени мостови), со цел да се заштитат постоечките транспортни артерии на одредени точки.

Зелена круна околу градот со должина од 75 километри извор

Сепак тоа нема да биде хомогена шума

Околу 80 % од планираната зелена инфраструктура веќе е на посакуваното место во форми на паркови и зелени површини. Овој проект подразбира дополнување и комплетирање на зелениот појас со пополнување на дупките каде нема зелени површини.

Властите нагласуваат дека зелениот појас целосно ќе го претстави еколошкиот диверзитет на територијата на општината. За таа цел проектот е поделен на 5 дела (еко-системи) и секој од тие делови е даден на различен изведувач. На секој од еко-системите му е дадено посебно име:

  • Помеѓу природните планини
  • Поврзување на урбани паркови
  • Зелен прстен на југоисток
  • Речни паркови на југот
  • Метрополски прстен

За да се комплетира целиот прстен, се смета дека ќе бидат потребни околу 12 години. Дури тогаш ќе може да се зборува за зелена инфраструктура. Новата зелена круна на главниот град доаѓа кога е најпотребна, во време кога градот се бори со предизвиците како климатски промени, глобално затоплување.

Извор