• вто. Мар 28th, 2023

Влијание на нивото на морето врз познати Светски градови

Нови визуелизации покажуваат дека неколку познати Европски и Светски градови може да се најдат под нивото на морето за неколку години. Доколку глобалните температури растат за повеќе од 1,5°C, може да се случи горенаведеното сценарио.

Значајни објекти како што се Бакингемската палата, Катедралата во Барселона и иронично, салата во Глазгов, каде ќе биде годинешната Светска конференција за климатски промени (COP26), може да бидат под вода за неколку стотици години.

Истражување на Climate Central

Визуелизациите за овие објекти под вода се всушност и најмалиот проблем. Најновите податоци што доаѓаат од непрофитната организација, Climate Central, грубо покажуваат дека околу 10 % од светската популација, или 800 милиони луѓе, моментално живеат на земја која може да биде изгубена, доколку се продолжи моменталниот тренд на CO2 емисии.

Користејќи податоци за светската популација и нејзиниот раст, научниците направиле различни сценарија за наредните 200 до 2.000 години. Педесет големи градови, повеќето во Азија, ќе се соочат со големи предизвици за да преживеат. Додека пак, многу мали островски нации ќе се соочат со скоро целосно губење на нивната земја.

Новото истражување на Climate Central, било објавено неколку недели пред конференцијата COP26. За истата се смета дека е “најдобрата последна шанса” на светот да ги намали климатските промени.

Генералниот директор на Climate Central, и главен научник, Бенџамин Штраус изјавил за The Guardian: “Одлуките коишто ќе бидат донесени во Глазгов, како и дејствијата што ќе се превземат во наредната декада, ќе имаат директно влијание на наредните стотици години.”

“Оваа група ќе биде запомнета по тоа што одлучила. Просперитетна иднина со клима погодна за живеење? Или пак потонување на сите крајбрежни места на светот?”

Одбирајќи го првото, значи дека ќе се продолжат чекорите за постигнување на најамбициозните цели на Парискиот Договор. Со лимитирање на глобалното затоплување до 1,5°C, нивото на водата ќе се намали за половина.

Ова ќе овозможи нациите да избегнат градење на нетестирани одбранбени системи. Во исто време ќе се спасат и безброј животи.

Планетата Земја е на пат да ја надмине границата од 1,5°C глобално затоплување во раните 2030-ти, доколку нема итно намалување на емисиите на CO2.

Визуелизациите подоле покажуваат споредба како ќе изгледаат некои од Светските градови со глобално затоплување од 1,5°C и од 3°C.

Музејот Ермитаж во Санкт Петерсбург, Русија
Кулата Бурџ Халифа (Burj Khalifa) во Дубаи, ОАЕ
Шпанскиот плоштад во Севиља, Plaza de España, Шпанија
Диоклецијановата палата во Сплит, Хрватска
Плоштадот Аристотел, во Солун, Грција
Паркот Цитадела, во Барселона, Шпанија
Бакингемската палата, во Лондон, Англија
Вселенскиот Центар, во Хјустон, САД
Паркот Ел Дорадо во Лонг Бич, САД
Оперската куќа во Сиднеј, Австралија

Извор