Минатата недела, Виена ја доби наградата “Град на дрвјата” за прилагодливост и иновативност во борбата против климатските промени. Наградата за Европски град на дрвјата ја добиле од Европскиот Совет на арборикултура, со што го потврдија Австрискиот главен град како модел што се грижи за урбаното зеленило. Советот исто така ги издвоил градските иновативни пристапи на база на знаење, за подобрување на прилагодливоста на урбаната животна средина во време на климатски промени. Тие го посочуваат градот како извонреден пример што треба да го следат и останатите Европски градови.

Град на дрвјата
Одделот на градот Виена за одржување на градините, има детален пакет на мерки за грижа на повеќе од 500,000 дрвја. Тие вклучуваат одржување на урбан расадник, засадување на различни видови на дрвја, централизирани тимови за грижа на дрвјата, специјализирана грижа за млади дрвја и строг закон за заштита на дрвјата.
Уште еден фактор што придонесува за одржливиот принцип за урбано зеленило на градот е иновативниот концепт на “град-сунѓер”. Земјата кај дрвјата во градовите е често дефицитарна и многу густа, со малку кислород и недоволен пристап до вода. Концептот на “град-сунѓер” превенствено значи нанесување на земја специфична за корените на дрвјата и пренасочување на дождовната вода кон корените, наместо кон канализацијата.
Овој концепт решава повеќе проблеми како:
- задржување, испарување и инфилтрација на дождовната вода;
- ефект на ладење поради испарувањето;
- зацврстување на урбаното зеленило;
- заробување на јаглерод во дрвјата;
- биодиверзитет – дрвјата како живеалишта;
- подобар квалитет на живот преку повеќе зелени површини.
Урбаните дрвја се во постојана состојба на стрес поради интеракцијата со улиците, возилата. Поради тоа, одделот за одржување на градините морал да најде алтернатива за регуларната земја со цел да овозможи повеќе нутритиенти.
Тоа е виенскиот супстрат за дрвја – научно докажан медиум што влијае позитивно на корените на дрвјата во урбаните средини. Овој супстрат се состои од органски и минерални супстанци што гарантираат задржување на поголема количина на вода и добра вентилација.
Градскиот канцелар за клима Јирген Чернохорски изјавил: “Градските градинари имаат огромен, секојдневен придонес со што овозможуваат Виена да биде и да остане најдобар град за живеење.”