• чет. Мар 30th, 2023

Стокхолм воведува “гаргара” Ковид тест

По успешниот пилот-проект (5-12 октомври), градот Стокхолм, во соработка со Регионот на Стокхолм (институција во Стокхолм) ќе воведе “гаргара” Ковид тестови во сите основни и средни училишта во регионот. Тие ќе бидат достапни од 8ми ноември во форма на сетови кои учениците ќе можат да си ги однесат дома. Гаргарата треба да се направи со солен раствор, а потоа треба да се плукне течноста во туба. Потоа течноста во тубата се испитува во лабораторија.

Научни студии покажуваат дека овој тест е помалку непријатен од алтернативниот брис од нос

За време на периодот од 5-12 октомври, бил направен пилот проект со “гаргара” Ковид тестови. Проектот бил спроведен во Градот Стокхолм, во соработка со Регионот на Стокхолм и Универзитетската лабораторија Каролинска. Нешто над 5 % од анализираните тестови биле позитивни, без симптоми кај испитуваните ученици.

“”Гаргара” тестовите се помалку непријатни кај децата и се добра алатка за брза идентификација на инфекција во училиштата. Учениците, старателите и училиштата со ова даваат важен придонес, а тестирањето придонесува за безбедна средина во локалните училишта.” Изјавил директор на основно училиште Ли Орберсон.

Тестовите би се спроведувале секој пат кога ќе има случај на Ковид во училиштата. Тие ќе бидат понудени на учениците или на вработените во училиштето кои немаат симптоми, но биле во контакт со лицето со потврдена инфекција.

Овој тест метод најпрво опфаќа гаргара со солен раствор во времетраење од неколку секунди. Потоа раствор се исплукува во тест туба, па истата се носи понатаму за анализа. Овој тест метод не предизвикува толку голема непријатност, како брисовите од уста и од нос.

“На ваков начин, за брзо време може да се доведе во контрола кластер на инфицирани лица. Исто така се намалуваат големите последици, како затворање на училиштата.” Изјавила Елда Спарелид, докторка во Регионот на Стокхолм.

Извор