Од Зелен Хуман Град најавуваат организирање на Граѓански буџетски форум. Известувањето во целост, подолу.
📢 Зелен Хуман Град наскоро ќе го организира овогодинешниот граѓански буџетски форум – настан на кој граѓаните и организациите-членки на ЗХГ ќе презентираат сопствени предлози за зелено и хумано Скопје кои бараме да бидат финансирани од буџетот на Град Скопје во 2022 г.
📍 Ако си жител на Скопје и имаш свој предлог, поднеси го преку платформата МојГрад: https://mojgrad.mk
Најгласаните три предлози ќе бидат презентирани на граѓански буџетски форум и официјално поднесени преку архивата на Град Скопје како дел од сетот предлози „За зелен и хуман град“. Доколку ви се потребни насоки што е во надлежност на Градот Скопје, слободно обратете ни се.
🌳 Само со информирано и активно учество во креирањето на локалните политики, можеме да си го вратиме Скопје!