• чет. Мар 30th, 2023

Кои се Европските главни градови за “smart” туризам за 2022?

Бордо (Франција) и Валенсија (Шпанија) се Европските главни градови за паметен “smart” туризам за 2022 година. Претставници од двата градови ќе ја примат наградата на формална церемонија. Таа ќе се одржи на 16ти ноември во Брисел, за време на Европскиот форум за туризам.

Ова натпреварување се одржува како иницијатива на Европската Унија, со цел да се даде признание на градовите за својот исклучителен учинок во областа на туризмот. Поспецифично, постојат 4 категории по кои се оценуваат градовите кандидати, од стручно жири. Тие се: достапност, одржливост, дигитализација и културно наследство и креативност.

Паметен “smart” туризам – како размислување за туризмот

Вкупно 30 градови од 16 земји земале учество оваа година во ова натпреварување. Од тие, 7 биле одбрани да ги презентираат своите кандидатури пред Европското жири.

Бордо и Валенсија го импресионирале жирито во значајните успеси во четирите категории. Но, биле задоволни и од извонредните програми со активности што планираат да ги направат наредната година. Тие градови ги посочиле и како примери за паметен “smart” туризам, по коишто треба да се угледуваат и други градови.

Двата градови не се нови во светот на туризмот и патувањето, поготово што се наоѓаат во двете најпосетувани држави во светот. Тие се дом на светски, културни наследства, но и на архитектура и кујна од светска класа. Сепак, тоа што е заедничко за овие градови е тоа што не се потпираат на стара слава и на афирмираниот бренд. Тие постојано работат напорно на нови сервиси и инфраструктура за граѓаните.

Miroir d'eau at place de la bourse in bordeaux Premium Photo
Бордо, навечер (извор freepik)

Европски главни градови за “smart” туризам трета година по ред

Оваа награда се доделува трет пат по започнувањето на натпреварување во 2019та година. Претходно главната награда ја добиле следните градови: Хелсинки (Финска) и Лион (Франција) за годината 2019. Малага (Шпанија) и Гетеборг (Шведска) биле изборот на жирито за 2020 година.

Beautiful building on river bank and green trees under blue sky with clouds, people sailing on paddleboards - finland, helsinki, august 2018 Premium Photo
Хелсинки, освојувач на титулата во 2019 година (извор freepik)

Извор