• пет. Мар 31st, 2023

Кисела Вода мора да биде чиста општина

И градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски започна со работа на терен и чистење на депониите во општината. Тој на својот facebook профил објави слики од депонија во Драчево и изјави дека на ова место се планира парк со површина од 4000 метри квадратни. Изјавата на градоначалникот во целост:

“Кисела вода мора да биде чиста општина.

Денес започнавме со чистење на дивата депонија во местото викано Дупки во населба Драчево, а продолжуваме до целосно отстранување на сите диви депонии во општина Кисела Вода.

На местото на дивата депонија во Дупки правиме парк од 4.000м2, затоа што тоа го ветивме и се обврзавме.”