• чет. Јун 1st, 2023

Уништувањето на шумите ќе заврши до 2030

Ное 2, 2021

Првиот поголем договор на Конференцијата за климатски промени во Глазгов (COP26), треба да се потпише денес. Станува збор за договор со кој повеќе од 100 светски лидери се обврзуваат да стават крај на уништувањето на шумите до 2030 година.

Шумите во земјите што се обврзуваат на овој договор, претставуваат повеќе од 85 % од вкупната површина на шумите во светот.

Поголемиот дел од земјите кадешто припаѓаат Амазонските шуми (најголемата шума во светот), треба да го потпишат договорот. Само Боливија и Венецуела не го прифатиле ова барање. За среќа Бразил, каде е поголемиот дел од шумата, ќе го потпишат овој договор.

Ова ќе биде најголемата мерка досега превземена за заштита на шумите во светот. Земјите коишто се обврзуваат на овој договор имаат повеќе од 33,7 милиони километри квадратни на шума.

Зошто е толку важна заштитата на шумите?

Шумите апсорбираат околу една третина од вкупните емисии на CO2, но со секоја минута губиме шума со површина на 27 фудбалски игралишта.

Скоро една четвртина од вкупните емисии на глобално ниво доаѓаат од активности како сеча, уништување на шумите и обработка на почвата. Затоа многу е поважно да се заштитат постоечките шуми отколку да се насадуваат нови.

Fabio Fistarol
Дождовна шума во Костарика, една од најбогатите површини со биодиверзитет во светот euronews

Кои се земји ќе го потпишат договорот за заштита на шумите?

Следните 101 земја и ЕУ се обврзале да го потпишат договорот, вклучувајќи ја и нашата земја:

  1. Албанија
  2. Андора
  3. Ангола
  4. Ерменија
  5. Австралија
  6. Австрија
  7. Белгија
  8. Белизе
  9. Бутан
  10. БиХ
  11. Боцвана
  12. Бразил
  13. Бугарија
  14. Камерун
  15. Канада
  16. Чиле
  17. Кина
  18. Коломбија
  19. Костарика
  20. Брегот на слоновата коска
  21. Кипар
  22. Данска
  23. Доминиканска Република
  24. ДР Конго
  25. ЕУ
  26. Еквадор
  27. Естонија
  28. Фиџи
  29. Финска
  30. Франција
  31. Габон
  32. Германија
  33. Гана
  34. Гватемала
  35. Гвинеја-Бисо
  36. Гвајана
  37. Хондурас
  38. Исланд
  39. Индонезија
  40. Ирска
  41. Израел
  42. Италија
  43. Јапонија
  44. Казахстан
  45. Кенија
  46. Киргистан
  47. Летонија
  48. Либерија
  49. Лихтенштајн
  50. Литванија
  51. Луксембург
  52. Мадагаскар
  53. Малави
  54. Мали
  55. Малта
  56. Маурициус
  57. Монако
  58. Монголија
  59. Црна Гора
  60. Мароко
  61. Мозамбик
  62. Непал
  63. Холандија
  64. Нов Зеланд
  65. Нигер
  66. Нигерија
  67. РС Македонија
  68. Норвешка
  69. Панама
  70. Пакистан
  71. Панама
  72. Папуа Нова Гвинеја
  73. Перу
  74. Полска
  75. Португалија
  76. Конго
  77. Романија
  78. Русија
  79. Св. Луција
  80. Самоа
  81. Сан Марино
  82. Сејшели
  83. Сиера Леоне
  84. Словачка
  85. Словенија
  86. Јужна Кореја
  87. Шпанија
  88. Шри Ланка
  89. Суринам
  90. Шведска
  91. Танзанија
  92. Того
  93. Турција
  94. ОАЕ
  95. Украина
  96. Уругвај
  97. Обединетото Кралство
  98. САД
  99. Вануату
  100. Виетнам
  101. Замбија
  102. Зимбабве

Извор