• вто. Мар 21st, 2023

Прва урбана шума со храна во Италија

Мината недела, локалните власти во Парма потпишале договор за соработка со граѓанско здружение за одржување, грижа и заштита на шумата со храна Пикасо. Договорот за соработка е за период од три години.

Шумата со храна е лоцирана во паркот Жуан Миро, помеѓу скулптури од шпански сликари. Поради тоа и името на таа шума е “Шума со храна Пикасо”.

Урбана шума со храна за граѓаните

Терминот “шума со храна” идентификува култивирани системи што се инспирирани од шумата. Намената е за производство на храна, но и други производи што може да ги користи човекот. Шумите немаат потреба од кастрење, третирање и процесирање на почвата или друго одржување. Имаат одлична способност да произведат биомаса, благодарејќи на динаминчниот баланс помеѓу различните компоненти. Таков баланс е потребен и при креирање на шума со храна.

Исто така, шумата ќе биде и место за едукација, со вклучување на разни асоцијации, волонтери и училишта. На таков начин може да се дојде до соработка за засадување на дрвја, косење трева, наводнување, креирање на станици за учење, инсталирање на засолништа за животни и инсталирање на информациони панели.

“Шума со храна Пикасо”

“Шумата со храна Пикасо” е распространета на 5.700 метри квадратни и овозможува зближување на луѓето со здрави хранливи навики. Исто така, жителите ќе можат да научат како да одгледуваат своја храна. Ќе можат и да уживаат во бербата на храната директно од растението, во природа. Шумата располага со над 294 видови на растенија, а првите биле засадени во 2012та година.

Прогрес на растот на растенија низ годините извор

Идејата за урбана шума со храна е од неодамна, а првите проекти претставуваат студии со огромна вредност. Тие обезбедуваат значајни информации за проблемите со кои се соочиле, најдобрите практики и добиените резултати. “Шумата со храна Пикасо” ќе биде првата документирана студија од ваков тип во Италија.

Извор