• вто. Мар 28th, 2023

За 10 дена, започнати 12 проекти во Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за 10 работни дена започна 12 проекти. Тој на социјалните мрежи кажа што е сработено во изминатите денови, но и порача дека има уште многу работа. Целиот пост може да се прочита подоле.

“Започнуваме нова недела, ќе имаме нови предизвици. Со работа во континуитет ќе ги надминеме проблемите кои се мои и ваши, заеднички.💪🏻
Јас и мојот тим сме тука за вас, посветени за подобро утре! Заедно со вас ги детектираме проблемите и изнаоѓаме решенија.
Во овие десет дена успеавме:
🧒 Аплициравме за нова детска градинка во Стопански Двор
🌳 Го уредивме зеленилото на пешачката патека на насип
Започнавме акција за расчистување на запуштените детски игралишта, започнавме во Ново Село, а утре продолжуваме кај Жито во Дексион
💡Ново осветлување на пешачката патека на насип
👶 Аплициравме за набавка на опрема во новите доградени занимални на објектот Детелинка
🌿 Отпочнавме со подигнување на нова паркова површина на бул. Македонска Војска
🚧 Ги саниравме прекопите на пешачката патека
✅ Договоривме отпочнување на  пристапен пат до обработливите површини во Никиштани и Орман, започнуваме во среда
🏫 Времено го решивме проблемот со затоплувањето во ООУ Тихомир Милошевски, овозможивме континуитет на продолжениот престој на учениците
🌐 Се конституираше новиот Совет на општината
Се расчистува вегетација на Радушка
🚧 Се изведува канализација во Орман
Имаме многу работа пред нас, но со ваша поддршка ќе биде добро за сите🙂”

Извор