Општина Карпош е победник на „Изборот за најеколошка општина за 2020 година“, преку конкурсот којшто традиционално го распишуваат „Пакомак“ и „Балкан еко“ институт-Скопје.
Финалното оценување на конкурсот беше спроведено преку неколку претходно пропишани критериуми. Меѓу кои, количината на собран селектиран отпад од пакување, од домаќинствата, деловните субјекти и училиштата, бројот на поставени нови контејнери за селекција на отпад на јавните површини, висината на средства во општинскиот буџет предвидени за екологија во тек на 2020 година, бројот на реализирани еко-проекти и бројот на јавни кампањи спроведени од општината за подигање на свеста за екологијата.

Покрај Карпош како победничка најеколошка општина, помеѓу трите најеко општини се најдоа и Општина Кочани и Општина Крива Паланка.
Општините Карпош и Кочани како прво и второ рангирани ќе добијат детски игралишта изработени од еколошки материјали. Општина Крива Паланка како треторангирана ќе добие садници.

За нивните резултати постигнати во текот на минатата година, сите три општини ќе бидат наградени од „Пакомак“ и „Шпаркасе Банка“.