Секоја година, мрежата на Европски градови (Eurocities), одржува конференција фокусирана на специфична тема, каде европските лидери и политичари се собираат на едно место. Истовремено, се доделуваат и награди на одредени градови, за нивните добри пракси, иницијативи и достигнувања.
Европските градови се натпреварувале во три категории: нула загадување, планирање на јавни простори и од фарма до трпеза. Минатата недела, беа прогласени и победниците за оваа година. Ница (Франција), Копенхаген (Данска) и Гент (Белгија) добија награди за нивниот ангажман за овогодинешната тематика “Моќта на градовите – го менуваат општеството”.
Три различни категории
Европските градови оваа година се натпреварувале во три категории: нула загадување, планирање на јавни простори и од фарма до трпеза. Како дополнување, оваа година за прв пат гласале и учесниците на конференцијата.
Комисијата од експерти го одбрале градот Ница, како победник во категоријата “Нула загадување”. Клучен проект за победа била иновативната иницијатива наречена Recyclerie des Moulins. Проектот што започнал во мај, 2018, се базира на креирање на три функции на едно место. Запуштената фабрика треба да претставува место за собирање и сортирање на кабаст отпад од областа Les Moulins. Треба да биде и фабрика за рециклирање, со работилница за поправка и место за продажба. Во исто време треба да функционира и како објект за едукација за одржлив развој и природна средина. Овој проект се смета како модел за циркуларна економија во Ница. Ја зајакнува локалната економија, отвора нови работни места, а воедно претставува и место каде непосакуваните работи ќе најдат нов живот.

Заради иницијативата Cloudbrurst (“Порој”), Копенхаген е избран како победник во категоријата “Планирање на јавни простори”. Според Eurocities, ова е проект што се состои од околу 300 места во градот, чија цел е задржување на вишокот на дождовната вода. Со тоа се заштитува и јавниот простор. Данскиот главен град го освои и гласот од учесниците на конференцијата.

За крај, Комисијата ја додели наградата за “Од фарма до трпеза“, на белгискиот град Гент. Наградата е добиена благодарејќи на урбаната стратегија за храна на градот Ghent en Garde. Истата промовира пократок и потранспарентен ланец на исхрана, со редуциран отпад на храна, како и поодржлива храна.

Претседателот на Европски градови (Eurocities) а воедно и градоначалник на Фиренца, изјавил: “Закрепнувањето е итно. Во градовите, ова е појасно бидејќи тие се и најпогодени од пандемијата. Во меѓувреме, не смееме да ги заборавиме нашите обврски за обезбедување на дигитална, зелена и фер трансформација. Градовите имаат милион идеи коишто може да се споделат, употребат, да се прифатат, но мора истите да се разгледаат за да можеме да бидеме инспирирани.”