• вто. Мар 28th, 2023

Кисела Вода ќе биде пријатна за живеење, и во еколошка и во естетска смисла

И денес течат активностите за чистење на трим патеката во општина Кисела Вода. Сезонските работници, преку Секторот за месна самоуправа на општината, од вчера вршат расчистување на ова познато шеталиште во општината.

Се коси нараснатата тревна вегетација, се метат паднатите лисја, се собира отпадот, се врши перење на патеката. Овие активности се дел од големото генерално чистење на општина Кисела Вода, кое ќе трае и во наредните денови и ќе ги опфати сите месни и урбани заедници.

Како што најави градоначалникот Ѓорѓиевски, хигиената во општината ќе биде на највисоко ниво, а ваквите акции ќе бидат чести.

-Целта ни е да создадеме средина која ќе биде пријатна за живеење, и во еколошка и во естетска смисла. За тоа ќе ги употребиме сите ресурси што ги поседува Општината, наведе Ѓорѓиевски.

Извор