• вто. Мар 21st, 2023

Засадени 45 садници во паркот Ченто

Во пресрет на Денот на општината, минатата недела се организираа повеќе настани и активности од различни области.

На Денот на општината 3-ти ноември, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со ЕКО тимот, координаторот на ЕКО тимот од ООУ „Дане Крапчев“ и Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“, засадија 45 садници, како симболика на 45 години од основањето на општина Гази Баба.

Приоритет во мандатот на градоначалникот, ќе бидат екологијата и заштитата на животната средина. Со вакви активности ќе се продолжи во сите урбани и месни заедници на подрачјето на општината.

Засадени 45 садници по повод 45 години постоење на општина Гази Баба.

Линк од Youtube тука.

Извор