• вто. Мар 28th, 2023

Во Ѓорче се слуша гласот на младите

Општината Ѓорче Петров во соработка со УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието го реализираше проектот за младинско учество во кој се вклучени ученици од три основни училишта.

„Младите ни се важни, а одлуките се носат заеднички. Особена чест и задоволство ми преставува што имав можност да ги слушнам учениците од основните училишта и нивните приоритети. Барањата на најмладите сограѓани ќе бидат нашиот темел, а нивните потреби наш мотив да го креираме секојдневието “ истакна градоначалникот Стојкоски.

По претходно спроведена анкета помеѓу учениците во општината, во која беа анкетирани 121 млади ги истакнаа своите приоритети за подигнување на еколошката свест (4.64%), создавање младински парк (4.27%) и реновирање на постоечките спортски игралишта (4.62%).

Во насока на поддигнување на еколошката свест акцијата ќе опфати поставување на корпи за отпадоци на фреквентни места во општината. Како и спроведување на еколошки акции за чистење на одредени локации во општината.

Вториот предлог се однесува на акцијата кон создавање или уредување на парковите во општината, поставување на нова урбана опрема и одржување на хигиената во паркот. Младите беа едногласни дека е потребна репарација на веќе постоечките спортски терени но и нивно враќање во првобитната состојба.

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски го изрази своето задоволство што учениците придонесоа кон зајакнување на кохезијата во општеството. Следната средба ќе биде нивна реализација, за Ѓорче да стане поубаво место за живеење.

Извор