• вто. Мар 28th, 2023

Продолжува акцијата за генерално чистење на оштина Кисела Вода

Продолжува големото есенско чистење на општина Кисела Вода. Денес, се одвиваше на повеќе локации, во различни месни и урбани заедници.

Повеќе сезонски работници беа распоредени во селото Драчево, на дел од улицата “Речиште”. Тука работеa на расчистување на депонијата која години наназад ја создаваат несовесните граѓани. Со камиони работотниците го собираа отпадот и го носеа на Дрисла.

Паралелно, се работеше и во другиот дел од општина Кисела Вода. Со денешното чистење се опфатија повеќе улици, како “Вера Јоциќ”, “Ѓорѓи Димитров” и улицата “Црниче”. Покрај собирањето на комуналниот отпад, се метеа и паднатите лисја, со цистерна се миеја улиците, плочниците и тротоарите.

Чистењето, со истата динамика продолжува и во наредните денови.

Извор