На почетокот на овој месец, грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, одржа прес-конференција на тема зелената транзиција на земјата. Поспецифично, тој претстави конкретен план што се состои од четири клучни реформи. Тие би помогнале на Грција во борбата против климатските промени и ќе овозможи земјата да стане позелена.
Кохерентна програма
За да започнат со исполнување на зададените цели, Грција најпрво ќе изгласа Закон за климата. Второ, ќе направи нова рамка за производство и складирање на електрична енергија, користејќи чисти и обновливи извори. Трето, ќе направи реформа во менаџирањето на јаглеводородите. Последно, ќе се придржува цврсто до четири-годишен план, којшто ќе овозможи на земјата да премине во циркуларна економија. Премиерот Мицотакис изјавил:
“Зборуваме за мрежна и кохерентна програма, што ќе ја однесе Грција во нова ера со абмициозни цели. Тоа е развојна програма што ќе овозможи чиста и евтина енергија од една страна. Но во исто време ќе понуди и многу нови работни места, како и подобар квалитет на живот на жителите.”
Конкретни чекори за подобрување на секојдневниот живот
Покрај горенаведените реформи, премиерот најавил и други три реформи коишто ќе влијаат климатската криза и ќе го подобрат секојдневниот живот на грчките жители:
- Од 2023, ќе биде забранета инсталација на печки на согорување во новите домови, каде има соодветна гасификациона мрежа.
- Од 2025, сите такси нови такси возила во Атина и Солун (како и една третина од rent-a-car возилата) мора да бидат електрични или возила со со нула емисија.
- Од 2030, ќе се забрани продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување.
Коментирајќи ги реформите, Премиерот истакнал дека иако целите изгледаат храбри и амбициозни, сепак се апсолутно неопходни. Исто така, планот на Владата и зелената агенда ќе ја гарантира нивната реализација.