• вто. Мар 28th, 2023

Исчистени уште две мини депонии во општина Кисела Вода

Три тони отпад беа собрани во акцијата за чистење на дива депонија во Кисела Вода. Се чистеше два дена на потегот околу улицата “Народни Херои”. Со камиони се собираше отпадот кој тука го депонираат несовесни граѓани и се носеше во депонијата Дрисла.

Потоа беше извршено перење на плочниците и на оваа улица која се наоѓа во јадрото на Кисела Вода.

Сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоуправа на Општина Кисела Вода денес работеа и на друга локација. Се чистеше и друга мини депонија лоцирана околу улицата “Малешевска 1” во населбата Драчево. И од овој реон беше собрана голема количина на комунален смет, шут, кабаст отпад…

Општина Кисела Вода апелира за совесно однесување на граѓаните и и почитување на законот за јавна чистота. Грижата за хигиената на јавниот простор треба и мора да биде заедничка одговорност.

Чистењето на општината ќе продолжи и во наредниот период.

Извор