Колкав процент од населението е целосно вакцинирано до овој момент?
Подоле се гледа приказ од процент од население кое е целосно вакцинирано.
Со сина боја се целосно вакцинирани, со портокалова боја се невакцинирани или нецелосно вакцинирани.

Убедливо води Малта со над 95 % целосно вакцинирано население. Веднаш по нив се Португалија, Исланд и Шпанија, со над 80 % целосно вакцинирано население. Над 70 % целосно вакцинирано население имаат и Ирска, Белгија, Италија, Англија, но и сите скандинавски земји (Данска, Норвешка, Финска и Шведска).

Од 60 % до 70 % целосно вакцинирано население имаат Франција, Германија, Швајцарија, Австрија, но и медитеранските земји Грција и Кипар, Тука се и балтичките Литванија и Естонија со нешто над и под 60 % целосно вакцинирано население.


Најмалку целосно вакцинирано население од Европските земји има Украина со нешто над 20 %. На дното се и балканските Босна и Херцеговина и Бугарија, со скоро 22 % и скоро 23 %, соодветно. Во последната група се наоѓаат и Белорусија, Молдавија, Романија и Русија.