• пет. Мар 31st, 2023

“Недела на дрвото” во Брисел

Вчера, локалните власти на Брисел започнаа кампања наречена “Недела на дрвото”. Целта е да се направи главниот град да биде позелен. За време на оваа недела, властите ќе поделат вкупно 1000 дрвја до граѓани во различни населби. Луѓето коишто учествуваат во оваа кампања ќе треба да ги засадат садниците. Целата кампања ќе биде проследена со надзор на градската Агенција за зелени површини, којашто ќе донира дополнителни 200 дрвја.

Оваа иницијатива е дел од Планот за покривање на Брисел 2020-20230 (Plan Canopée) наменет за борба против климатските промени. Воедно и за придонесување кон поодржлива урбана животна средина.

Заробување на јаглеродните честички на старомоден начин

Планот во голема мера се фокусира на дрвјата како извор на одржливост, чијашто листа на придобивки за животната средина е прилично долга. На пример, едно дрво може да собере до 120 килограми на јаглерод диоксид за време на неговиот животен век или да зароби до 20 килограми на фини честички во текот на една година. Покрај тоа, тие се и одлично живеалиште за голем број на животни.

Понатаму, тие овозможуваат природно ладење на воздухот и штитат од формирање на топлотни острови. Од друга страна, на зима, тие служат како бариера на ладниот ветер и го смалуваат трошокот за греење.

Планот има три главни оски: зачувување, раст и учество на граѓаните. Најпрво, градот цели кон зајакнување на зачувувањето на постоечките зелени површини. Второ, локалните власти во Брисел сакаат да го анализираат градот и да засадат дрво секаде каде што е можно. Третата оска е за учество на граѓаните во целиот процес во правењето на градот позелен, бидејќи на крајот тоа е за граѓаните.

Напори за засадување

Во програмата “Недела на дрвото”, локалните власти ќе дистрибуираат по 150 дрвја секој ден во населбите низ градот. Официјални претставници од Агенцијата за зелени површини ќе засадат дополнителни 200 дрвја во недела. Во меѓувреме, во текот на целата недела, граѓаните ќе имаат можност да земат учество во организирани настани за урбана екологија, работилници за кастрење на дрвјата во зима и конференција за овошни дрвја.

Извор