На вчерашната седница, Владата донесе Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје. Овој соларен парк, односно оваа инвестиција ќе биде вредна 270 милиони евра.
Станува збор за инвестиција за изградба на „Соларен парк Стипион“ вредна 270 милиони евра, кој преку оваа компанија ќе го реализира „Акуо Енерџи Сас Париз“ (Akuo Energy Sas Paris) од Франција. Капацитетот за производство на електрична енергија ќе биде од 350 до 400 мегават часови.
Француската компанија е веќе 14 години на пазарот и основана во 2007 година. Зад себе има многу искуство во областа на обновлива енергија. Нивната експертиза е за добивање на електрична енергија од сонцето, водата и ветерот. До крајот на 2020 година, имаат изработено проекти со кои се добива до 1,3 GW електрична енергија, а 5 GW се веќе во изработка. Имаат изработено над 38 соларни проекти насекаде низ светот, но претежно во Франција.