• сре. Мар 22nd, 2023

Повеќе од 1500 дрвја ќе бидат засадени благодарение на кампањата за чистење на здружението “Паркови Малта.”

Две дрвја за секој тон ѓубре

Како дел од кампањата за кревање на свеста за животната средина, здружението “Паркови Малта” заедно со волонтери покрена акција за чистење на отпад на одредени места во земјата. Притоа вети дека ќе се засадат по две дрвја за секој тон отпад. Учинокот од акцијата биле 750 тони ѓубре, што во превод значи дека ќе се засадат 1500 дрвја.

Заедно со горенаведеното здружение, дополнително учество во акцијата земале и уште 20 организации.

Создавање на отпад и проблеми со рециклирање

Малта се брои меѓу една од земјите со највисока стапка на создавање на отпад по жител во Европската Унија. Додека пак имаат најниска стапка на рециклирање. Со цел да се подобрат овие бројки, Министерстовото за животна средина, климатски промени и планирање, направиле доста амбициозен План за менаџирање на отпадот 2021-2030.

Во согласност со новите правила на ЕУ за транзиција во циркуларна економија, до 2025 година Малта треба да рециклира најмалку 55 % од отпадот од домаќинствата и претпријатијата. Таргетот ќе се зголеми на 60 % до 2030, како и на 65 % до 2035 година.

Извор