• чет. Јун 1st, 2023

Пет Европски градови што нудат незаборавен Божик

Како што Божик забрзано доаѓа, така Европските градови се подготвуваат за зимската сезона и за туристите. Во меѓувреме, Европејците се збогуваа со топлото лето и со нетрпение го очекуваат отворањето на Божикните пазари.

Толку многу планови и патувања се откажаа во изминативе две години, па сега сите се желни за патување. Како помош да се одбере магичната дестинација, предложуваме 5 градови за искусување на Божикната атмосфера.

Рованиеми, Финска

Рованиеми е лоциран во регионот Лапланд во Финска и се смета дека е домот на Дедо Мраз. Како такво, тоа е совршеното место за сите љубители на Божик што сакаат да го запознаат Дедо Мраз и да ги остварат детските сништа.

Од другите работи, посетителите можат да го посетат селото на Дедо Мраз, ирвасите и поштата. Покрај ова, Рованиеми гарантира бел и снежен Божик, што може да биде придружен со поларна светлина, доколку имате среќа. Земајќи се во предвид, Рованиеми е вистинско чудесно зимско место.

Рованиеми, Финска

Инсбрук, Австрија

Кога ќе помислите на Божик во Австрија, повеќето луѓе несомнено ќе помислат на Виена. Додека главниот град на Австрија е навистина прекрасно место за да се поминат празниците, Инсбрук е совршеното место за тие што сакаат потопол и поудобен Божик.

За време на зимската сезона, градот е опкружен од планини покриени со снежна покривка и е прекрасно украсен со дрвја и сијалички. Уште поважно, има уникатни Божикни пазари, каде мирисите на греено вино и австриската кујна прават микс што буди емоции на топлина и среќа.

Инсбрук, Австрија

Бриж, Белгија

Познат како “Венеција на северот”, градот Бриж е уште еден мал европски град што нуди Божик за паметење. Неговите прекрасни канали, средновековна архитектура, готски цркви, калдрмите и куќите налик на колачиња од ѓумбир ја создаваат идеалната атмосфера за совршен Божикен одмор.

Оваа година, од крајот на ноември, историскиот центар на градот требаше да биде трансформиран во голем Божикен пазар. Таму обично можете да купите необични подароци и да пиете вкусно домашно топло чоколадо, меѓу другото.

Поради ова, многумина престојот во Бриж за празниците го споредуваат како да сте влегле во Божикна честитка.

Бриж, Белгија

Копенхаген, Данска

Исто како и Бриж, и Копенхаген има канали коишто стануваат магични за време празничната сезона. Божикните сијалички се рефлектираат од водата и предизвикуваат радост и топлина, дури и кога температурата е околу 0oC.

Данскиот главен град живее по концептот хиге (hygge): дефинирачка карактеристика во Данската култура, што се однесува на квалитетот на удобност и задоволство. Копенхаген го остварува овој концепт благодарение на снежните улици, бајковитото осветлување, замоците, лизгалиштата и пазарите.

Покрај ова, градот си зададе амбициозна цел за оваа година, да биде Европски Божикен град за 2021. Поради ова, ќе биде интересно да се види што ќе понуди градот оваа година.

Копенхаген, Данска

Колмар, Франција

Кога ќе помислите на Божик во Франција, луѓето веднаш ги замислуваат светлата од Ајфеловата Кула и снежниот Париз. Сепак, не сите сакаат да ги поминат празниците во голем главен град. Некои сакаат да одат во помали градови и да се чуствуваат поудобно.

Колмар е шармантен Француски град со површина од само 66 километри квадратни. Иако е мал, градот е дом на шест Божикни пазари и е една од најфотографираните Божикни дестинации во Европа. Како дополнување, има бројни архитектонски богатства во Стариот Град коишто изгледаат раскошно и сјајно кога се прекрени со Божикни декорации, бајковити сијалички и снег.

Колмар, Франција

Извор