• чет. Јун 1st, 2023

Грчкиот остров Халки ќе се трансформира во модерен, зелен остров

На почетокот на месец ноември, грчкиот премиер Мицотакис, го посети островот Халки, со цел да го престсатви амбициозниот еко проект за островот. Со оваа иницијатива, Халки станува зелен остров, каде жителите ќе имаат ниски сметки за струја, модерна, дигитална инфраструктура и чист воздух.

Според премиерот, имплементацијата на овој проект ќе доведе до енормни заштеди, коишто може да достигнат до 250,000 евра на годишно ниво. Како дополнување на ова, проектот ќе резултира и со намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Со тоа, Халки ќе произведува 1,800 тони помалку CO2, секоја година.

Имајќи го ова во предвид, Мицотакис откри и дека сметките за струја на жителите на островот ќе се намалат значително. Доколку една сметка за струја изнесува 407 евра, таа ќе се намали на 157 евра. Проектот претставува своевиден одговор не само на климатските промени, туку и на драстичните пораст на електричната енергија.

Соработка со повеќе компании

За да се остварат овие амбицозни цели, Владата на Грција има соработка со повеќе компании. Компаниите се следните: Грчката јавна енергетска корпорација (PPC), Akuo Energy (компанијата што најави инвестиција и во Македонија), Omexom/Vinci, Vodafone, Citroën, the Siggelidis Group, Philip Morris и други.

image
Напреден фотоволтаичен систем на островот Халки

Компанијата PPC, се здружи со други компании за да инсталира напреден фотоволтаичен систем на островот. Citroën и ALD Automotive, донирале 6 електрични возила на полицијата, крајбрежната стража и на општината. За возење на истите без проблеми, биле изградени и места за електрично полнење низ островот.

image
Електрични возила во Халки, донирани од Citroën и ALD Automotive

Со помош на Vodafone, мрежата на Халки е надградена на 5G. Со други зборови, островот ќе има брз интернет. Тоа ќе го олесни животот на локалните жители, туристите, но и на дигиталните номади. Благодарени на оваа мрежа, островот ќе добие и напредно јавно осветлување и “smart” клупи.

За понатамошно трансформирање на Халки во модерен, зелен остров, компанијата Papastratos донирала и електричен брод. Со капацитет за 10 луѓе и можност за самоуправување до 6 часа, овој број ќе биде посебно корисен за време на туристичката сезона.

image
Електричен брод на Халки, дониран од компанијата Papastratos

Во иднина, со вакви проекти се планира трансформација и на други грчки острови. Со тоа, земјата ќе ја оствари целта од намалување на емисиите на островите за 10 милиони тони до 2030.

Извор