Украинскиот претседател Владимир Зеленски, го најави амбициозниот проект да се засадат 1 милијарда дрвја во текот на наредните три години. Соопштението е неколку дена по завршување на самитот COP26 во Глазгов. Заедно со останатите членки на ЕУ, Украина се надева дека ќе се засадат околу 3 милијарди дрвја, во текот на наредната декада. Целта е да се обноват “белите дробови” на планетата.

Дрвјата природно апсорбираат јаглерод диоксид, гас што потекнува од горење на фосилни горива, како масло и јаглен. Научниците објаснуваат дека шумите делуваат како огромни јаглреодни резервоари.
“Европа најави план за засадување на околу 3 милијарди дрвја во текот на наредните 10 години. Нашиот план е милијарда дрвја, во наредните три.” – изјавил Јури Болоховетц, раководител на државната шумска агенција.
Еден од научниците сепак вели дека ова е преамбициозна и нереална цел. “Ова е апсолутно нереално во смисла на просторот и времетпо планирано од претседателот. Треба да се засадат 10 дрвја или 200 садници во секунда, што е технички невозможно.” – изјавил Бохдан Протс, експерт за биодиверзитет.
Со површина од 600,000 километри квадратни, Украина е втора по големина земја на континентот, вклучувајќи ја и Русија. Според експерти, околу 16 % од територијата на Украина е покриена со шума. Потребни се уште 3-4 % за да може да се спротистави на климатските промени.
Шумарите во западна Украина велат дека веќе се гледаат последиците на климатските промени. Високите температури и ниското ниво на подземни води доведуваат до сушење на европските борови. Тоа е најчестото дрво во украинскиот дел од Карпатите.

Научно истражување на швајцарски научници во 2019 година открило дека најефективниот начин за борба против климатските промени е засадување на 1 трилион дрвја, ако не и повеќе. Истражувањето пресметало дека во наредните 10 години, тие дрвја би можеле да соберат 830 милијарди тони јаглерод диоксид од атмосферата. Од прилика колку што луѓето успеале да емитираат во последните 25 години.