• пет. Мар 31st, 2023

Нова градска комисија во Берлин, посветена само на пешаците

Локалните власти во Берлин го најавија формирањето на Комисијата за пешачки сообраќај. Ќе се фокусира на подобрување на градскиот сообраќаен план и проширување на пешачката мрежа. Исто така, ќе се фокусира и на подобрување на сообраќајот, безбедноста на патот до училиштата, планирање на улици, патеки и скверови. Сето тоа со давање на приоритет на пешачката инфраструктура.

Новата комисија е формирана поради фактот што, според градските извештаи, жителите на Берлин најмногу се движат пеш. Градските власти тој факт го прифатија сериозно и сакаат да ги подобрат условите на пешаците.

View on the famous dom cathedral with lust garden and television tower during the morning light in berlin city Premium Photo

Создавање на поврзаност со градот

Друга цел на комисијата е да помогне во координрање и соработка со организациите во Берлинската администрација, приватниот сектор, како и невладиниот сектор.

Релевантни актери во советничкото тело на Комисијата за пешачки сообраќај ќе бидат и Берлинската комора на архитекти, Германскиот институт за урбани студии, Техничкиот универзитет на Берлин како и градскиот борд за туризам.

Во целост, Комисијата за пешачки сообраќај, треба да овозможи дополнителен слој на одржливата мобилност во градот.

Извор