• чет. Мар 30th, 2023

Еко акција за раззеленување на општина Гази Баба

Вчера, во дворот на ООУ Григор Прличев во Железара, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со генералниот директор на Макстил, Иван Бановски ја отпочнаа акцијата за засадување на 130 декоративни дрва. Акцијата ќе се реализира на повеќе локации во општина Гази Баба.

Садниците се донација на компанијата Макстил, која уште еднаш ја докажа својата општествена одговорност.

Овие активности се во насока на реализација на проектот Зелена Општина Гази Баба.

– За мене како градоначалник, унапредувањето и заштитата на животната средина се врвен приоритет. Наша заедничка цел е за четири години од денес, да имаме засадено 500.000 садници.

Ги повикувам сите останати компании на територија на општината да бидат општествено одговорни и да се приклучат на акцијата.  Заедно да ја направиме зелена нашата општина – истакна на крајот од своето обраќање пред медиумите градоначалникот Стефковски.

Извор