• чет. Мар 30th, 2023

Нашата определба е да бидеме дел од Европа како прв климатски неутрален континент

Ное 30, 2021

Министерот Нуредини присуствуваше на настанот со кој на мошне иновативен начин се означи почетокот на новата кампања „ЕУ со ТЕБЕ“ фокусирана на Европскиот зелен договор, насловена: “Не постои резервна планета“ што ја промовираа шефот на Делегацијата на Европската Унија во државава Дејвид Гир и  вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Европскиот зелен договор е еден клучните приоритети на Европската Унија и фокус на ЕУ политиките и активностите за годините што доаѓаат. Целта на Зелениот договор е Европа да биде првиот климатски неутрален континент до 2050 година, што подразбира да се постигнат 0 емисии на стакленички гасови до 2050 г. но со обезбеден раст на економијата со зачувани природни ресурси и благосостојба за сите.

Со ревидираните национални придонеси кон Договорот од Париз, како и проектираните национални политики и мерки за заштита на животната средина и климата МЖСПП и Владта на РСМ се целосно усогласени со напорите на ЕУ за заедничкото справување со климатските промени. Нашите определби се израз на стратешкото партнерство на ЕУ и Западниот Балкан при што специфичноста на овие појави е аргумент повеќе за потребата од придвижување во процесот на пристапување и приближување кон европските стандарди.

Извор