• сре. Мар 22nd, 2023

Софија ќе има нов облик на градот

Ное 30, 2021

На 25ти ноември, Градскиот совет на Софија започна со имплементирање на новиот развоен план наречен “Програма за Софија”. Активностите треба да траат 6 години, односно до 2027, а ќе се започне со стратешки инвестициски приоритети. Со други зборови, градот ќе се фокусира ексклузивно на остварување на зададените цели.

Структура на планот

Планот е изработен од “Sofiaplan”, општинска агенција со задача да го изработи Урбанистичкиот Мастер план за Софија, за наредните 30 години. “Програма за Софија” е првиот возбудлив дел од големата слика за градот.

Миглена Герасимова, социолог и урбанист, кој се фокусира на стратешкото планирање со агенцијата, објасни накратко како функционира програмата. Прво, има три главни точки, сите со свои приоритети. Понатаму, има и 14 специфични цели коишто градот треба да ги оствари во наредните години. Главната идеја на овој пристап е “интегрирање на стратешки развој”.

Просто кажано, секоја од овие 14 цели исполнува повеќе цели со кои градот решава некој проблем.

Panoramic cityscape of sofia, bulgaria Premium Photo
Панорамски поглед на Софија извор

Три главни цели

Трите главни цели на програмата се: “Одржлив развој и поврзување”, “Зголемување на компетитивноста на Софија и развивање на економија базирана на знаење” и “Социјален и културен развој”.

Со првата цел се планира привлекување на инвестиции во биодиверзитетот и транзиција до циркуларна економија со ниска емисија на гасови. Со цел да се забрза кон генерацијата на обновлива енергија. Исто така целта е да се намали отпадот и суровините потребни за индустрија, а да се зацврсти иновацијата. Овој процес треба да биде проследен и со подобра и поефикасна урбана мобилна мрежа и технолошка инфраструктура. Тука приоритет ќе биде поврзувањето со најдалечните региони на државата.

Втората цел главно се фокусира на локалната економија и приоретизирање на претприемачката иновација. Пред се привлекување на инвестиции во сектори со висока вредност, соработка помеѓу академската област и бизнисите. Исто така, и намалување на едукациската нееднаквост и овозможување на квалификациски програми за луѓе од сите возрасти, вклучувајќи и повозрасни лица.

Третата цел се фокусира на подобрување на животниот стандард со промовирање на поздрави навики, како одговор на новиот проблем на Бугарија со гојазност, но и со подобар пристап до квалитетно здравство. Оваа цел се фокусира и на културното наследство, како и на подобрување на туризмот.

Уште една важна цел во овој дел се живеалиштата, односно изработка на јасна станбена стратегија за градот. Тоа вклучува и пренасочување на развојните напори кон северните и западните делови на градот, за да се олесни регионалниот баланс.

14 специфични цели

Специфичните 14 цели се следните:

  1. Почиста, поздрава и поразновидна животна средина како дел од планот за зелен град;
  2. Зголемување на енергетската ефикасност и производство на локална обновлива енергија;
  3. Транзиција кон циркуларна економија;
  4. Да се направи атмосфера што ќе поттикнува иновации и економија со висок перформанс;
  5. Подобар и побрз сервис од локалната администрација;
  6. Да се направи атмосфера што ќе поттикнува наука и едукација, и постојано учење;
  7. Подобрување на условите за поздрав и поактивен начин на живот;
  8. Културно наследство и поттикнување на културни и креативни настани;
  9. Транзиција кон поодржлив и поиновативен туристички сектор;
  10. Намалување на социјалната нееднаквост;
  11. Покомфорна урбана средина;
  12. Подобар пристап до живеалишта со подобар квалитет;
  13. Одржлива мобилност;
  14. Подобар квалитет на техничката инфраструктура со поширок спектар на сервиси.

Целиот текст може да го прочитате тука.