Кога станува збор за воведување на нова револуција на зелени возила, произведувачот на електрични возила Фискер, веќе е на пат да биде посовесен кон животната средина.
Минатиот месец, извршниот директор Хенрик Фискер го презентираше можеби најодржливиот автомобил во светот.
“Нашата амбиција е да ги направиме најиновативните и најодржливите возила во светот, што ќе можат да бидат и економски достапни. Се започнува со теренецот Fisker Ocean, бидејќи целосно прифаќаме чиста иднина за сите”. – изјави Фискер на изложбата на автомобили во Лос Анџелес.
Колку е одржлив автомобилот Fisker Ocean?
Фискер изјавил дека моделот е направен да биде што е можно поодржлив. Што значи тоа во пракса?
Внатре, во автомобилот со 5 седишта, интериорот е целосно веган направен со исклучиво рециклирани материјали. Патосниците се направени од рибарски мрежи, вратени во првобитна состојба и од стари маици. Воланот е направен од смеса од обновена гума комплетирана со рециклирани материјали.

“Возбудливиот дел е што може да се користат рециклирани материјали, а сепак да направите луксузно возило.” – изјавил Фискер.
Овој теренец работи со 80 kWh литиум-јон фосфатна батерија. Таа е обезбедена од Кинеската компанија CATL, што веќе соработува со Tesla и Volkswagen.
Ќе има 3 целосно електрични модели од типот на Ocean: Fisker Ocean Sport, Fisker Ocean Ultra и Fisker Ocean Extreme. Производството на овие возила официјално треба да започне до крајот на ноември, наредната година и тоа во фабриката Magna-Steyr во Грац, Австрија, којашто е партнер со компанијата Fisker.
Соларен покрив и ротирачки екран
Интериорот и батеријата на страна, Фискер ја носи одржливоста на автомобилот на друго ниво. На пример, Ocean Extreme, моделот со највисока цена, ќе има соларен покрив. Фискер тврди дека автомобилот е способен да помине дополнителни 3200 km годишно, под идеални услови.

Во интериорот исто така е вклучен и голем 17,1 инчен екран, во центарот на контролната табла. За споредба, екраните на Tesla се 15 инчи. Екранот има предност и да ротира, овозможувајќи на возачите да го ротираат во зависност од употребата.
Електрични возила достапни за сите
Со цени од 33,150 евра за спортскиот модел до 60,822 евра за Extreme, производителот изјавил дека сака да направи супер-кул возило достапно за сите.
Во САД, по сите даноци, цената на спортскиот модел може да стигне до 26,519 евра.

Човекот што се понуди да изработи зелен Папамобил
Кој е мозокот кој стои позади најодржливиот автомобил во светот? По соработката со BMW, Ford и Aston Martin, Фискер ја основал компанијата Fisker Inc во 2007, заедно со својот долгогодишен бизнис партнер, Бернард Колер.
Во мај оваа година, Фискер изјави дека ќе равие 100 % електричен Папамобил, по средбата со Папата Францис, презентирајќи го дизајнот за неговото идно возило.

Додека се чека на Папамобилот, Папата Францис ќе продолжи со неговите официјални посети во неговата Toyota Mirai.
Целиот текст може да го прочитате тука.