“Осмиот континент” е дизајн што има добиено награда, што ќе може да ја рециклира пластиката и е комплетно само-одржлив.
Структурата е составена од 5 делови од стаклени градини и четврти за живеење до биоразградливи колектори за отпадоци.
Сениор дизајнерката од Zaha Hadid Architects во Лондон, Ленка Петракова, ја развила оваа идеја потребна за нејзините магистерски студии, уште пред неколку години во Виена, проучувајќи го загадувањето на океаните.
“Сфатив колку всушност океаните се загадени и уништени, и колку многу видови се изумрени заради тоа. Исто така деловите коишто никогаш ги немаме видено, ги чуствуваат ефектите од нашите активности.” – изјавиле таа.
Според Меѓународниот сојуз за заштита на природата (IUCN), најмалку 8 милиони тони пластика завршува во морињата секоја година. За поголемиот дел од оваа пластика за жал крајна дестинација е храната и нашето тело.
Дополнително, 100,000 морски цицачи и желки и 1 милион морски птици умираат годишно, поради загадување со пластика.
Петракова преработи дел од своите идеи минатата година и финалниот концепт на проектот и ја донесе Главната награда за архитектура и иновација поврзана со море за 2020 година. Тоа е натпреварување овозможено од Фондацијата Жак Ружери.
Дизајнерката била инспирирана од морскиот свет кога започнала со овој проект. Пловечката станица ја направила да биде “жив организам што е комплетно само-одржлива”.
Нејзината идеја не била само да дизајнира концепт што го прочистува океанот, туку и да го врати здравјето на океанот.
Кога ќе биде во функција, станицата ќе може да биде поврзана со морското дно, но ќе остане и флексибилно да се движи со струите. Станицата сама ќе произведува енергија и ќе биде целосно опремена со систем за отсолување на водата.
Дизајнерката го споменува и Елон Маск, како тип на човек што би можел да биде инвеститор на овој проект, имајќи предвид дека се занимава со воздбудливи и одржливи проекти.
Останува да видиме дали ќе се огласи на повикот и дали воопшто ваков проект некогаш ќе биде реализиран.