• чет. Мар 30th, 2023

“Шума за деца” – нов проект во Данска

Во последниве неколку години, Орхус ги зголемува своите напори за да стане позелена и биоразновидна општина. Како дел од оваа амбиција, најавена е таканаречена “шума за деца” во областа Ајструп. Таму сите дечиња од градинките ќе може да си посадат свои дрвја. Во иднина, шумата ќе расте и ќе се развива за да стане место каде учениците ќе можат да одат на училишни патувања и кампување.

Како да се живее во природа

Во изјава за јавноста, данската општина објаснила децата исто така ќе можат да патуваат во новата шума. За време на овие екскурзии, тие ќе учат неопходни вештини кои ќе им овозможат да живеат и преживеат во природата. Поспецифично, ќе научат да запалат оган, да го најдат патот без компас или GPS, да одберат јадливи билки и да направат логорски камп.

Коментирајќи го ова, нациналниот претседател на Засади дрво, Јенс Досинг изјавил дека децата се идните амбасадори на природата. Паради ова, тие треба да научат да ја ценат шумата и ресурсите што има во истата. Советникот за Технологија и животна средина го изјавил следното:

“Има добра логика во тоа децата да се занимаваат со ова и да им се даде сопственост на шумата. Бидејќи ние сме целосно и потполно зависни од нив и нивното заложување кон природата ако сакаме да се осигураме дека зеленилото ќе биде приоритет и на идните генерации. И мораме да го овозможиме ова бидејќи шумата и природата се на врвот на листата за тоа каде луѓето се најсреќни да живеат во општината.”

Шумата, што ќе покрие површина од 20 хектари, е официјално отворена вчера со засадување на првите дрвја на децата. Додека оваа “Шума за деца” е во фаза на изработка, децата сами ќе го смислат името на шумата, наскоро.

Извор