На овогодинешното доделување на наградите за Comedy Wildlife Photography главни актери беа мајмуни, мечки и ракуни. Наградата за најдобра фотографија за оваа година беше доделена на Кен Џенсен, за сликата именувана “Ouch” за која и не е потребен превод. Требало да се изберат најдобрите фотографии меѓу 7000 што биле испратени да учествуваат во натпреварот. Подоле може да ги видите победничката и првите 7 фотографии.
“Ouch” на Кен Џенсен, прикажува мајмун фатен во многу незгодна позиција.

Фотографијата на Енди Перкинсон “Let’s dance” или “Ајде да танцуваме” исто така доби награда. Инзворедната фотографија ни прикажува како танцуваат две мечки од Камчатка. Според WCS Русија мечките некогаш го окупирале целиот полуостров Камчатка, но поради рудници и разни човечки фактори, мечките се се помалку на полуостровот.

Фотографијата “See who jumps high” или “Кој може да скокне повисоко”на Чу Хан Лин прикажува енергетски скок на риба mudskipper во Тајван. Тоа е уникатен тип на риба што може да живее и до два дена на копно. Како што кажува и името, тие се движат со помош на скокање од едно на друго место, како што може да се види и на фотографијата.

Ракуните биле забележливи помеѓу финалистите со две фотографии во првите 7. “Secrets” или “Тајни” на Јан Пиеча и ‘How do you get that damn window open?’ или “Како се отвора овој прозорец” на Николас де Вал исто така се пласирале на високите места.

Ракуните се локални животни во Северна Америка. Живеат во градовите, парковите, шумите и предградијата. Сликата на Пиеча, прикажува како 3 ракуни оговараат, слика што е ретка бидејќи ракуните се заедно само при сезона на парење.

Фотографијата на Роланд Краниц “I got you” или “Те држам” прикажува вид на стаорци што си играат.

Подоле може да се видат уште неколку фотографии.


