Божик е секогаш поубав со снег. Без разлика дали сакате да правите “снешко” или сакате да седите пред камин на топло додека надвор паѓа снег, да се биде за Божик некаде каде има снег, секогаш гарантира насмевка на лицето.
Затоа ви ги претставуваме петте градови во Европа со најмногу денови со снег.
5. Хелсинки, Финска – 16,5 денови со снег во месец

На петтото место го имаме Финскиот главен град со 16,5 денови со снег во месец. Ако сакате да бидете надвор, набавете си “пулка”, вид на санка што може да се купат насекаде во градот. Паркот Синебрихов е популарна дестинација за санкачи, каде има неколку ридови за да се лизгате.
Кога ќе ви застуди, направете како локалците и упатете се кон сауна да се загреете и да се опуштите. Има многу сауни за избирање, вклучувајќи ја и познатата Löyly. Таа има три сауни, ресторан и надворешен базен за најхрабрите.
Ако имате среќа да го посетите градот во длабока зима, тогаш дури и ќе можете да прошетате по замрзнатото Балтичко море. Придружете им се на локалците во лизгањето, скијањето и правењето дупки за риболов.
4. Турку, Финска – 16,75 денови со снег во месец

Исто така во Финска, Турку е најстариот град во државата. Лежи на југозападниот брег, преполн со средновековни замоци коишто датираат од 13 век.
Еден од најневообичаените начини за истражување на градот е со вашите лизгалки. Во зима, реката Аура, што лази низ градот, комплетно замрзнува, па можете да лизгате или да шетате по неа и да посетувате разни знаменитости.
Ако сте расположени за посета на културни настани, тогаш посетете го музејот Aboa Vetus Ars Nova Museum, каде има комбинација на модерна уметност со антички артефакти под еден покрив.
3. Ерфурт, Германија – 17,25 денови со снег во месец

На трето место се наоѓа малиот град Ерфурт, главен град на Германската држава Тирингија. Ако барате тивко место за да избегате во зима, со популација од 213,000 жители, тогаш ова е градот за вас. Со 17,25 денови со снег во месец, градот е домаќин на многу уникатна средновековна архитектура. Тука е вклучена и катедралата Св. Марија, каде Мартин Лутер, лидер на Протестантската реформација, бил ракоположен во 8миот век.
Мостот Krämerbrücke, со згради како од разгледница, е одлично место за фотографирање. Црквата Св. Севир е готска црква со пет кораби за истражување.
2. Вилнус, Литванија – 18,5 денови со снег во месец

Главниот град на Литванија “доскија” на второто место, со 18,5 денови со снег во месец во просек. Како раздвижен главен град на земјата, Вилнус е познат по барокната архитектура во неговиот историски центар, кој е дел од светското наследство на УНЕСКО од 1994 година.
Ако сакате да се внесете во зимскиот дух, ски-центарот Липкалнис е на само 5 километри надвор од градот и нуди прекрасени погледи над Вилнус.
И ако сте повеќе културно настроени, зошто да не го посетите Националниот музеј на уметноста на Литванија за да ја откриете богатата уметничка историја на земјата. Или пак доколку сте за нешто посовремено, уживајте во големиот избор на улична уметност, додека го истражувате градот пеш.
1. Талин, Естонија – 20,5 денови со снег во месец

На врвот на листата, со дури 20,5 денови со снег во месец, се наоѓа главниот град на Естонија, Талин. Главниот град е културно жариште и е многу романтичен во зима. Неговиот стар град Кесклин е дел од светското наследство на УНЕСКО и еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа. Бонус е што изгледа особено убаво кога е покриен со снег.
Ако сте по зимски спортови, терените на Талинскиот Фестивал стануваат центар за зимски активности, каде се понудени сноубординг, скијање и лизгање на мраз.
Доколку сакате да ја дознаете историјата на градот, посетете ја црквата Св. Олаф, којашто датира од 13 век. Куполата била погодена дури 10 пати од гром, затоа погрижете се да ја посетите на ведро време.
Останатите 5 најснежни градови, за да се дополни листата од 10 најснежни градови, се следните:
6. Киев, Украина – 16 денови со снег во месец
7. Каунас, Литванија – 16 денови со снег во месец
8. Гренобл, Франција – 15,5 денови со снег во месец
9. Рига, Летонија – 15,5 денови со снег во месец
10. Инсбрук, Австрија – 15,5 денови со снег во месец