• вто. Мар 21st, 2023

Граѓанскиот буџет на Талин за 2022, фокусиран на зеленило, надворешни спортови и рекреација

Локалните власти во Талин ги објавија резултатите од гласањето за граѓанскиот буџет на градот за 2022 година. Во суштина, граѓаните на Талин поддржале проекти кои ќе донесат повеќе зеленило во градот, повеќе опрема за надворешни спортови и рекреација, како и повеќе опрема во парковите.

11,400 граѓани гласале за подобрувања во нивните населби

“Би сакал да се заблагодарам на сите кои земаа учество во овој процес, на тие коишто ги предложија идеите, но и на тие што ги изгласаа. Задоволен сум луѓето се грижат за нивното населено место и се активни учесници во обликувањето на јавните простори.” – изјавил градоначалникот на Талин, Михаил Колварт. “Граѓанскиот буџет ни дава слика за тоа како жителите сакаат да изгледа нивниот град во иднина. Во исто време дава можност на жителите да учествуваат во донесувањето на одлуки за својот град.”

Вкупно 11,400 жители на Талин над 14 години зеле учество во изгласување на буџетот. Поголемиот дел од нив, 10,777 гласале електронски. Вкупно 132 идеи биле ставени за гласање во 8 општини. Третина од идеите ја засегаат урбаната животна средина, една петина ги засегаат децата и младите, а уште една петина биле со цел да се подобрат спортските справи во парковите. Проектот што добил највеќе гласови во секоја општина ќе биде финансиран од планираниот буџет на градот за 2022 година. А во истата година треба да биде и имплементиран. Граѓанскиот буџет за 2022 година е 1 милион евра, што е зголемување за 200,000 евра во споредба со буџетот за 2021 година.

Aerial shot of the old town of tallinn with orange roofs, churches' spires and narrow streets Free Photo

Победнички идеи

Ова се идеите коишто освоиле највеќе гласови во општините:

  • Haabersti – да се изградат атрактивни и еко површини, но и да се стават тушеви на плажата Какумае
  • Градски центар – да се засадат повеќе дрвја во парковите во центарот каде сопственик е градот
  • Kristiine – да се изградат три надворешни фитнес центри, со квалитет како внатрешните фитнес центри
  • Lasnamäe – да се стават јавни тоалети во близина на детските игралишта во локалните паркови
  • Mustamäe – да се изгради надворешна спортска сала во шумата Sütiste, со квалитет како внатрешна сала
  • Nõmme – продолжување на платформата за набљудување на уште еден кат на кулата за ски-скокови за спортисти и за жители
  • Pirita – изградба на надворешен училишен парк во дворот на средното училиште во Пирита, со атракции за планинарење, седишта и велосипедски ленти
  • Põhja-Tallinn – изградба на мини-градина во јапонски стил со одржливи видови

Извор