• сре. Мар 29th, 2023

Општина Центар постави заштитни столпчиња на улицата „Костурски Херои“, кај „Силбо“

Со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и регулирање на сообраќајот во овој дел, Општина Центар утринава постави заштитни столпчиња кај фурната „Силбо“

Поставувањето на заштитните столпчиња доаѓа по бројните поплаки од жителите кои пристигнуваат во општината, а се однесуваат на турканиците и сообраќајниот хаос кој се создава на оваа делница.

Со поставувањето на столпчињата нема да може веќе автомобилите да се паркираат на коловозот, ќе се нормализира движењето на улицата „Костурски Херои“ и ќе се намали метежот на овој потег.

Апелираме до граѓаните да се придржуваат до сообраќајните правила, да ги почитуваат законските одредби при возењето и да не ги оштетуваат поставените заштитни столпчиња.

Извор