• пет. Јун 2nd, 2023

Ќе се уредува локалитетот „Крст“ во Кучково

Општина Ѓорче Петров потпиша договор со Министерство за финансии за изведба на проектот за партерно уредување на локалитетот „Крст“ во с.Кучково-фаза 1 (Еко Училница) и “Набавка на Комунално возило за зимско одржување на улици и патишта во руралните општински средини“

Проектот опфаќа уредување околу постоечкиот локалитет „Крст“ во с.Кучково на вкупна површина од 5.456м2 и истиот предвидува партерно уредување и хортикултурно оплеменување. Со ова, Кучково добива современ центар за рекреација и настава во природа.

Со набавката на новото комунално возило опремено со приклучна механизација за зимско одржување, ќе ги намалиме трошоците на општината и ќе се ослободат средства за приоритетите на жителите.

Извор