• чет. Мар 30th, 2023

На Точак: 11 предлози за буџетот на Град Скопје за 2022

Групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – На Точак ги објавија нивните предлози за Буџетот на Град Скопје за 2022 година. Тие преку советниците од Зелен Хуман Град ги доставија своите предлози до Градоначалничката и Советот на Град Скопје. Во прилог нивната изјава на социјалните мрежи.

“Во пресрет на седницата на која ќе се гласа Предлог Буџетот на Град Скопје за 2022 година, НаТочак вчера се обрати преку службените mail-ови до советниците и стручните служби од администрацијата.

Седницата е закажана за 29.12.2021 година, на истиот ден со Критична маса #88.

Текстот на обраќањето со потсетување на претходните комуникации го има во блог-постот 👇https://natochak.blogspot.com/2021/12/2022.html

А 11-те предлози за буџетот за 2022 се следните:

1. „Реконструкција на пешачката и велосипедската инфраструктура на булевари “ со буџет од 70.000.000,00 денари.

2. „Буџет за одржување и изградба на велосипедска и пешачка инфраструктура да е минимум 30% од вкупниот буџет за патна инфраструктура“ (по 15% од тип). Непозната е вкупната сума на буџетот за 2022 г. за патна инфраструктура.

3. „Субвенции за сервис и резервна опрема за велосипеди“ со буџет од 3.000.000,00 денари.

4. „Промена на рабници на сите булевари низ целиот град“ со буџет од 4.000.000,00 денари.

5. „Густо поставување на столпчиња по сите велосипедски ленти“ со буџет од 5.000.000,00 денари.

6. „5 бројачи на велосипеди“ со буџет од 4.500.000,00 денари.

7. „Продолжување на рекреативната патека на Вардар и нејзино интегрирање со останатата велосипедска мрежа“: – изработка на проект во првата година низ партиципативен процес- изведба на пристапни рампи и конектори кон мрежата низ четири години- продолжување на патеката кон запад и исток до крај на мандатБуџет за 2022 г.: 20.000.000,00 денари.

8. Стратешки документ за безбедност во сообраќајот – Визија нула – Визија за Скопје без жртви (Vision zero) со буџет од 600.000 денари.

9. Изработка на градски прирачник за изведба на градежни активности на јавен простор (детал на спуштен рабник, начин на поставување столпчиња, начин на ослободување дрвја, заштитени пешачки острови итн.) со буџет од 600.000 денари.

10. Студија за оптимално решение за Систем за изнајмување велосипеди (истражување на потенцијални локации, истражување на модел на финансирање, можности за интермодалност итн.) со буџет од 1.000.000 денари.

11. Редовен Ден без автомобили / Улици за луѓе на месечно ниво – вкупно 12 настани со буџет од 1.500.000 денари.

Се разбира предлозите за 2022 година можат да бидат соодветно модификувани и подобрени од стручните служби и советниците.”

НаТочак и минатата година достави 9 предлози за буџетот на Град Скопје за 2021-ва година (достапни на линкот), а во 2019-та година достави предлози за измена на програмите и буџетот на Град Скопје за 2020-та година (достапни на линкот), но без буџетска конструкција.

Од 9-те предлози минатата година, само 1 беше прифатен (за бројачите за велосипеди), но не беше реализиран. Поради тоа, предлозите за 2022-ра се речиси во целост преземени од предлозите за 2021-ва (без предлогот „Простор анти корона“), а додадени се уште 3.

Бидејќи предлозите се во согласност со веќе донесениот План за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021 донесен од Советот на Град Скопје во септември 2019, како и во насока на справување со актуелната здравствена, економска, па и енергетска криза, се очекува поддршка од сите советници.

Извор