Во пресрет на новогодишните празници учениците од основното училиште ,,Гоце Делчев’’ од населба Илинден изработија Еко-елка од пластични шишиња.
За изработка на оваа елка со висина 3 m и дијаметар 165 cm потребни биле 1000 зелени пластични шишиња. Истите биле собрани од страна на учениците.

Бројот на шишиња го симболизира бројот на ученици во училиштето ,,Гоце Делчев’’ во учебната 2021/22 година. Секој ученик дал свој придонес во изработката на елката – односно секој донел зелено пластично шише.
Ове е еден низата еко-проекти спроведени во училиштето. Целта на овие проекти е да се подигне еколошката свест кај населението за управување со отпадот, со ставање на акцент на пластиката за која се знае дека и треба многу време за да се случи нејзино распаѓање.

Во училиштетот се селектира само 1,4 % од пластичниот отпад. Иако селектираната количина на шишиња е мала, сепак не е незначителна. Тоа е количина на отпад што не дозволиле да заврши во депонија. Наместо тоа направено е едно ремек дело (еко-елка) кое го краси училишниот двор.

Наставниците и учениците се надеваат дека оваа елка ќе биде поттик и предизвик за изработка на уште вакви проекти, не само во училиштата туку и пошироко се за ПОЧИСТА И ПОЗДРАВА околина во која ќе растат уште многу генерации.