• сре. Мар 29th, 2023

По Нова година конечно почнува уредувањето на Луна паркот

По Нова година ќе започне уредувањето на новиот Луна парк. Ќе се пристапи кон монтирање на реквизитите кои се веќе набавени и ќе се вклопат и во новата проектна документација, за паркот да биде функционален. Беше посочено дека за Луна паркот во моментов се изработува проектна документација, која треба да се достави до Градот Скопје во наредниве 2 месеца. Наследените 7 реквизити треба да се постават согласно со потпишаните договори, зашто тие се задржани во проектното решение, а дополнително треба да се набават 20 нови реквизити. 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека е почната реконструкција на Универзална сала,  а за внатрешната реконструкција претходната градска власт воопшто нема проект.

– Проектот за реконструкција на Универзалната сала продолжува, тоа е тековен проект финансиран од Владата – објасни градоначалничката Арсовска.

Во однос на втората фаза од реализацијата на овој проект, односно за внатрешното реконструирање на Универзална сала, градоначалничката Арсовска истакна дека нема проектна документација, а не се обезбедени ниту финансиски средства, потенцирајќи дека буџетот е во катастрофална состојба и Градот во моментов е презадолжен.

Извор