Активистите на Зелен Хуман Град изјавија на социјалните мрежи дека биле прифатени 5 нивни амандмани, од вкупно 33 поднесени. Прочитајте ја изјавата во целост.
“По напорна 12-часовна седница полна предизвици нашите советници Драгана и Горјан издејствуваа 5 амандмани (од вкупно 33 поднесени од Зелен Хуман Град) да бидат прифатени.
Советот на Град Скопје ги прифати следните амандмани поднесени од ЗХГ:
- НаТочак – NaTochak – Стратегија документ „визија 0” за зголемена безбедност во сообраќајот (600.000,00 мкд);
- Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi – Деца на улица (900.000,00 мкд) и Стратегија и акциски план за унапредување на правата и добростојбата на децата (760.000,00 мкд);
- Хипер-мрежа на сензори за мерење и локациско мапирање на аерозагадувањето со цел да знаеме од каде доаѓа и полесно да го спречиме (700.000,00 мкд);
- МаМаОргана – Компостирање на органски отпад: 1.600.000,00 мкд (10% до ребаланс во март).
Управниот и Надзорниот Одбор на ЈП Лајка конечно ќе бидат водени од искусни луѓе кои посветено се залагаат за благосостојбата на бездомните животни со години наназад.
Мали, но значајни победи со кои го трасираме патот кон зелено и хумано Скопје.”
Годинава 5, да се надеваме дека наредната ќе бидат повеќе.