Најчесто, декември не го гледаме како време за хортикултура и градинарство. Сепак, ова е време кога државни работници од главниот град на Словенија, засадија 80 дрвја во градот. И тоа, често, температурата била и под нулата.
Градските власти објаснуваат дека ова е всушност совршено нормално и дека не е бизарно. Дополнително, им се дава шанса на дрвјата да го покажат своето зеленило кога ќе дојде летотот.
Како дополнување, едно од тие дрвја, липа, е засадено во чест на 10-годишнината од прогласувањето на градот за Пријателска Општина за младите. За тоа градот има сертификат од 2012 година.
Љубљана доби нови 1000 дрвја во 2021
Младото дрво е подарок од програмата. Исто така, со тоа се потврдува дека градот останува на патот на еманципирање на младите, со градските политики.
Дрвото било засадено близу Cukrarna Palace, поранешна фабрика за шеќер претворена во културен центар за млади активисти. Сепак, многумина се прашуваат која е целта на засадаување на дрво на снежни услови и дали тоа дрво воопшто ќе преживее?
Нејц Празник, арборист кој се грижи за подготовката на зелени површини во Љубљана, понудил експертско објаснување: “Периодот есен-зима е всушност најдобриот период за засадување на дрвја. Почнуваме да ги откопуваме дрвјата од нивните расадници, кога ќе им паднат сите лисја и ќе влезат во неактивна фаза. Ова време варира од година во година, оваа година тој период беше во првата половина на ноември. Дрвјата со оформен корен се транспортираат во нашите магацини, каде се заштитуваат од ниските зимски температури додека да се засадат, со слама и навлаки од јута.”
Сепак, тој додал дека температури под -10о степени, се потенцијално штетни, но реалноста е дека ладниот воздух не преоѓа во ладната почва. На длабочина од 40 cm под земјата (каде лежи коренот), температурата е за 10о степени повисока од надворешната.
Љубљана обично засадува помеѓу 300 и 600 нови садници секоја година, но минатата беше рекордна со над 1000 засадени садници.