Во 2020та, Данското Министерство за Животна средина ги поканило сите 98 општини во државата да учествуваат во националниот натпревар “Најдива Данска општина”. На 5ти јануари, Општината Хорсенс, една од 92 учесници, најавиле дека ќе ја зацврстат позицијата во натпреварувањето со обезбедување на површина од 50,000 метри квадратни за дива природа и инсекти.
Дом на флора и фауна
Од вкупните 50,000 метри квадратни, 37,000 наскоро ќе бидат дом на афиони и синчеци. Тие треба да почнат да цветаат на пролет. Трева, растенија и цвеќиња исто така ќе растат слободно во останатите 13,000 метри квадратни. Општината додава дека тие ќе се кастрат еднаш или двапати годишно. На овој начин, ќе се промовира биоразновидноста и дивата природа во овој дел на општината.
‘Во исто време работиме на мали и на големи проекти, коишто ќе овозможат подобри услови за нашите растенија и инсекти. Делот во Bygholm Bakker претставува еден од наголемите биоразновидни проекти.” – искоментира Малене Стин Симонсен, проектен менаџер за биоразновидност.

Овие 50,000 метри квадратни се многу погодни за овој проект, бидејќи почвата на ова место овозможува одлични услови за раст на трева и цвеќиња што ќе привлекуваат инсекти. Како дополнување на ова, местото Bygholm Bakker е лоциран во близина на езеро и шума, со што се овозможува храна и засолниште за дивината.
Како проширување на овој проект, проектниот менаџер Симонсен најавил дека ќе се постават и патеки во овој дел. Со тоа ќе се овозможи жителите на Хорсенс да уживаат и да и се восхитуваат на природата.