• вто. Мар 28th, 2023

45 милиони евра за иновативни, зелени техонологии во Данска

На 10ти јануари, Европската Инвестициска Банка (ЕИБ) објави дека потпишале договор за заем на 45 милиони евра со Данската компанија Haldor Topsøe. Со овој заем, ЕИБ ќе ги поддржи инвестициите на компанијата во истражување и развој на иновативни зелени водородни технологии. Целта е да се забрза процесот на транзиција со зелена енергија.

Амбициозен план за иднината

ЕИБ изјави дека компанијата Haldor Topsøe, сака да стане глобален лидер во технологии за намалување на емисијата на јаглерод. Уште повеќе, таа цел сака да ја оствари до крајот на 2024та година. Од тука следи дека е потребно финансирање за истражување и развој, со цел да се обезбедат нови катализатори и каталитички технологии.

Со изработка на нови технологии, пријателски настроени кон животната средина, оваа компанија ќе ги поддржува луѓето во преминот кон обновлива енергија.

Според ЕИБ, некои од најветувачките технологии на компанијата имаат намера да произведат зелен водород, зелен амонијак, биогорива и еМетанол.

Одбранбени предизвици со подобрување на економскиот раст

Потпретседателот на ЕИБ, Кристијан Кетел Томсен, го објасни договорот за заем, како потреба од големи и одржливи инвестиции за развој на решенија од чиста енергија.

Исто така, тој потврди и дека истражувањето на Haldor Topsøe, е од стратешко значење и за Европа. Во исто време придобивки ќе има и економскиот раст со нови вработувања. А во исто време се заштитува и климата и животната средина. Заради тоа, финансирањето од ЕИБ ќе биде под Европскиот Фонд за Стратешки Инвестиции (EFSI).

Извор